Секој неуспех претворете го во животна лекција

Никој не е роден со прирачник за животот, затоа по неуспехот на момент размислете за она што сте го научиле, а не она што сте го загубиле.

sekoj-neuspeh-pretvorete-go-vo-zivotna-lekcija-01

Сите живееме по системот на грешки и обиди. Затоа, кога ќе ја направите следната грешка, одминете ја строгоста и осудувањето кон себеси и поставете си ги овие четири прашања:

1. За што размислував, што правев и како се чувствував додека го правев тоа? Доколку не согледате како одредениот проблем настанал, нема да можете реално да ја согледате целата ситуација. А, таа е клучот за најправилното решавање на проблемот.

2. Кога би можел сè да направам од почеток, како би го направил? Осмислете стратегија до која треба да се држите доколку се најдете во слична ситуација. Не знаете кога следната прилика ќе ви тропне на вратата.

3. Чувствувам ли вина поради грешката? Ако така се чувствувате тоа мора веднаш да го промените. Чувството на вина ве ограничува, па нема да успеете рационално да стигнете до решението по кое долго трагавте.

4. Кои мудрости ги научив? Никогаш не заборавајте ги предностите на сите ситуации во кои се наоѓате. Колку и да ви се чини дека ништо не е како што треба, секогаш имате можност да се развиете од сопствените искуства. Не дозволувајте една грешка да ви го одбележи животот!

Би можело да ве интересира:

Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg