Запознајте го најголемиот светски патник - 23 години низ светот!
Мајк Спенсер Боун го напуштил гратчето Калгари, Канада пред 23 години, кога започнала неговата одисеја. Откако стигнал во Ирска, каде му бил ставен последниот печат во пасошот, се чувствува подготвен да се врати дома. Ја посетил секоја земја и секоја област на планетава.
Многу други патници, посетиле голем број земји, но никој досега не ја поминал секоја земја и секоја област. Тој е најголемиот светски патник во досегашната историја.
Мајк смета дека е важно запознавањето на земјата и културата на одредени места, комуникација со другите луѓе, а не само стапнување и заминување од местата, како што правеле повеќето досегашни патници, кои тој ги нарекува минувачи.
Неговата приказна е една од топ вестите на светските медиуми. Повикан е на многу интервјуа каде ја раскажува.
Ги запознава луѓето, ја учи нивната култура и собира искуства и спомени кои вредат за цел живот.
Особено е интересно тоа што тој не ги заобиколил ниту најопасните земји како Авганистан, Ирак, Конго...па сè до Антартикот.
Роденденот го славел 23 пати на различни места. Си поминал незаборавно.
Но, не е сè така забавно и безгрижно. Дури и најубавите авантури бараат жртви.
Покрај многубројните проблеми на патот, незгодите, повредите, пречките, како што раскажува Мајк, за овие минати 23 години тој нема нормален семеен живот, не е женет и нема деца.
Сепак, бил свесен дека треба да ја поднесе таа жртва за да добие вакво светско задоволство и тоа го направил.
Ирска и Израел биле последните дестинации за Мајк да заокружи бројка од над 190 посетени земји.
Ирска ја одбрал како најзабавна земја во која може да го прослави своето финале.
По 23 години патување има приказни кои ќе ги раскажува цел живот.
Тој е среќен и благодарен што секој ден од неговиот живот му бил авантура.