Традицијата на бурмите: Симболот на љубовта низ годините
Со помешан мирис на свеќи и парфемите на присутните, невестата и младоженецот ги разменуваат своите завети на љубовта. Бурмите се чекорот кој следи, а концептот на сите ни е добро познат.
Традицијата на бурмите денес е широко распространета, чија симболика сите ја знаеме, но нејзиното потекло ретко кога сме го истражиле.
Порано, венчалниот прстен не се носел на прстот, туку околу зглобовите. Старите цивилизации биле многу суеверни, животниот тек бил пократок и стапката на смртност многу повисока.
Било популарно верувањето дека духот на човекот излегува од телото по неговата смрт. Како би ја заштитил својата невеста, младоженците во тоа време и врзувал гранка или тревка околу зглобот, па на тој начин и ја покажувал љубовта.
Првата бурма која се носела на рака се појавила пред 4.000 години на крајбрежјето на Нил во Египет, а била исплетена од трска и ситни тревки. Неретко биле украсени од природни материјали кои тогаш имале скапоцено значење.
Материјалите биле со краткотраен век, па бурмите бргу се заменувале. Честа била и изработката на прстени од кожа или слонова коска.
Старите Египќани, како и многу цивилизации по нив, ја носеле бурмата на до малиот прст на левата рака. За време на ритуалот и церемонијата, уште тогаш младоженците го ветувале она познатото „и во добро и во зло“ кое прераснало во традиција во светски рамки.
Симболот на круг, а подоцна на прстен, помеѓу голем број на народи и култури има слично значење - вечност, затоа што кругот нема ни почеток, ни крај.
Кај Египќаните се верувало дека прстенот има натприродна моќ и го претставува ветувањето на вечна љубов, додека Римјаните имале малку поинаква симболика.
За нив бурмата била доказ за поседување на човекот. Била симбол на сила и издржливост.
Од каде бурмата на домалиот прст? Постои една интересна приказна. Обичајот дека на бурмата местото и е на домалиот прст потекнува од старите Грци.
Изговарајќи ги зборовите „Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“, младоженецот со прстенот ги допира првите три прста на невестата. Кога на ред ќе стигне „Амин“ тој стига до домалиот прст и него го крунисува со бурма.
Венчалниот прстен со текот на времето го менувал материјалот, но до ден денес ја задржал својата симболика.
Целта на овој прстен како симбол на љубовта дефинитивно му пркоси на времето!