Подгответе: Неодоливо домашно чоколадо
Откријте како да уживате во омилениот десерт во кој било дел од денот! Рецептот е едноставен и брз, а производот кој ќе го добиете е неодоливо вкусен.
Изненадете се себеси со прекрасна коцка чоколадо која ќе ја подготвите со многу љубов.
Потребно ви е:
- 1 шолја масло од кокос
- ½ шолја мед или сладок сируп
- 1 шолја какао во прав
- Прстофат сол
- 1 лажица екстракт од ванила
По желба, додадете брашно од кокос, суво овошје или дробени лешници, ф’стаци, бадеми
Подготовка:
Во поголем сад истурете го маслото од кокос и оставете го да се загрее. Постепено додавајте го медот или сирупот, малку сол, екстрактот од ванила и на крај шолјата какао.
Мешајте ги состојките, а доколку одбравте да го “зачините” вашето чоколадо додајте го сувото овошје или апетисаните.
Не дозволувајте смесата да зоврие. Тргнете ја од оган и оставете да се олади неколку минути.
Претурете ја смесата во калапи и оставете ги во замрзнувач неколку часа пред да ги послужите.
Декорирајте со уште сушено овошје, цимет или некој овошен прелив.