Ви се верува ли дека овој стан има само 34 метри квадратни?
Уредувањето на животниот простор е макотрпна и напорна работа, а уште повеќе ако тој простор е само 34 метри квадратни, тогаш знаете дека навистина ќе треба да се намачите за да го уредите просторот да биде убав, практичен и удобен. Овој стан е многу мал, но одлично среден, многу практичен и супер изгледа.
Високите прозори во станот дозволуваат многу светлина, а голем плус на овој стан е преслаткиот балкон на кој се наоѓаат две столчиња и маса. Иако овој стан нема спална соба, креветот кој се наоѓа во аголот на дневната соба, може да се одвои со завеса, која на овој простор му дава приватност.
Интересно е тоа што во овој стан се искористени и стари и нови парчиња мебел, кои одлично се искомбинирани за да го дадат целосниот впечаток.
Преубав детаљ и топлина на овој дом е она што зрачи посебна аура во него која прави да се чувствувате пријатно.