Едноставни трикови со чија помош ќе го подобрите своето помнење

Постојат многу причини поради кои може да ви се причини дека вашето помнење веќе не е така „остро“ како некогаш. Независно од тоа дали ви се случува често да не можете да се сетите каде сте го паркирале автомобилот или пак, често ве излудува ситуацијата во која зборот ви е „на врв на јазик“, но никако не можете да се сетите.

ednostavni-trikovi-so-cija-pomos-ke-go-podobrite-svoeto-pomnenje-01

Овие неколку едноставни трикови со чија помош ќе ја подобрите својата меморија, би можеле да ви се најдат:

Бидете сконцентрирани 8 секунди

Живееме во време кога сè се одвива толку брзо, па многумина имаат нестабилна концентрација. А ако нешто сакате да запомнете, сконцентрирајте се на тоа 8 секунди. Можеби ќе ви се чини како долго време, ако животното темпо ви е такво да трчкате наоколу и да извршувате неколку работи истовремено, но може да ви помогне. Истражувањата покажуваат дека 8 секунди се минималното време, потребно за одредена информација да се премести од краткотрајната во долготрајната меморија.


Не одете во друга просторија

Сигурно безброј пати ви се случило да тргнете по нешто, но кога ќе стигнете во другата просторија веќе сте заборавиле за што сте тргнале. Овде не се работи само за проблем во вашата лична заборавеност. Иако сè уште не се знае зошто тоа се случува, научниците тврдат дека постои нешто поради кое влегувањето во нов простор го враќа на почеток нашето помнење.

ednostavni-trikovi-so-cija-pomos-ke-go-podobrite-svoeto-pomnenje-2

Стиснете ја дланката

Истражувањата покажуваат дека ако ја стиснете дланката на одреден начин тоа може да ја подобри вашата способност да се сетите на некоја информација. Ако сте деснак, треба десната дланката да ја стиснете додека не се сетите, околу 45 секунди, а откако ќе се сетите треба да ја стиснете левата дланка (кај леваците е обратно).


Вежбајте

Сигурно досега научивте дека одговорот на скоро сите ваши проблеми е некоја телесна вежба. Вклучувајќи го и помнењето. Физичката активност ја зголемува будноста и количеството на кислород во мозокот, а истражувањето покажало дека испитаниците можеле да се сетат на многу повеќе детали после физички тренинг, отколку после опуштено седење и чекање.


Употребувајте различни фонтови

Иако повеќето од нас би сакале сè што читаме да биде со ист фонт – оној на кој сме навиканти, истражувањето покажало дека подобро ги помниме оние информации кои сме биле принудени да ги прочитаме со некој чуден фонт. Се покажало дека висината или дебелината на буквите не претставува преголема разлика, но ако некој фонт е тешко читлив, подобро го помниме, бидејќи сме присилени подобро да се концентрираме за да можеме да го разбереме она што го читаме.


Запишете ја информацијата „на странски јазик“

Истражувањата покажуваат дека ако нешто запишете на хартија, многу подобро ќе го запомните, отколку ако нешто истипкате во компјутерот или мобилниот. Дури ако тоа подоцна никогаш не го прочитате, доволно е нешто само да напишете и веќе ќе го запомните.

ednostavni-trikovi-so-cija-pomos-ke-go-podobrite-svoeto-pomnenje-1

Чкртајте

Иако оние кои шараат на хартија за време на предавањата или состаноците изгледаат како да не го следат она што се случува, вистината е дека чкртањето, всушност ве држи будни и вашиот мозок е активен. Ако само седите, негде каде што ви е досадно она што се зборува, полесно ќе одлутате со мислите, отколку ако нешто си чкртате на хартија. Истражувањето покажало дека „цртачите“ запомниле 29 отсто повеќе информации од оние кои само седеле и мирно го следеле тоа што се зборува.


Визуелизирајте

Еден од најделотворните начини за помнење е она што се обидувате да го меморирате да го поврзете со некоја слика. Значи, ако некој збор ве асоцира на нешто поврзете го тоа со слика на којашто ве асоцира. На тој начин можете да градите широка сликовна конструкција во главата и со тоа да имате посебно место за цел еден сегмент кој сте го научиле. Звучи лудо, но стручњаците тврдат дека е многу корисно.

ednostavni-trikovi-so-cija-pomos-ke-go-podobrite-svoeto-pomnenje-3

Научете кога да ја исклучите музиката

Независно од тоа дали сте страстен вљубеник во музиката или не, стручњаците ве советуваат дека е најдобро да ја исклучите ако се обидувате нешто да научите, односно да запомните. Имено, тие тврдат дека музиката во позадина каква и да е, има улога како некој од страна да ви ги кажува броевите на глас. А каков и да е вашиот капацитет, така помалку ќе запомнете, отколку да работите во тишина. На почетокот можеби ќе ви биде чудно, но се исплати на долги патеки.

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg