Куќа со скромна фасада, а раскошен ентериер
Вистински пример дека првиот впечаток не е секогаш точен е токму овој дизајн. Се работи за преносна куќа која изгледа како сосема обична, стара градба, но кога ќе ѕирнете во нејзината внатрешност ќе видите една потполно поинаква слика.
Дизајнерите на овој удобен дом го осмислиле според три клучни карактеристики: едноставност, да е погодна за околината и добро да им служи на оние кои живеат во неа.
Во овие 27 метри квадратни спаѓаат дневна соба, мини кујна, тоалет и спална соба, а она што го создава светлиот и топол амбиент е стаклениот ѕид кој се протега по едната страна, во самата дневна соба.
Повеќето материјали кои се користени за овој дизајн се рециклирани, а со оглед на тоа дека се работи за преносна куќарка, може да уживате во поглед каков што ќе посакате.