Кои се најтешките јазици за учење во светот?
Сигурни сме дека веќе имате еден јазик кој мислите дека никогаш нема да успеете да го научите, дека неговата граматика е премногу комплицирана, неговите букви се тешки за пишување и уште многу изговори и заблуди.
Ако и вие сте дел од онаа група која мисли дека азиските јазици се неизводливо тешки за учење, ви ја претставуваме листата на најтешки јазици:
1. Полскиот јазик - Се наоѓа на врвот на оваа листа затоа што има седум заменки, седум родови и многу тежок изговор. Ако на еден просечен човек потребни му се 12 години да зборува англиски, тогаш за да научи полски потребни ќе му бидат најмалку 16 години.
2. Фински, унгарски и естонски јазик - Овие три јазици се наоѓаат на втората позиција заради големиот број на небројни заменки и именки.
3. Украински и руски јазик - Тешки се за учење само заради комплексната граматика и различноста во пишувањето и изговарањето на зборовите. Кириличното писмо е уште еден плус кога се работи за тежината на јазикот. Српскиот јазик исто така спаѓа помеѓу најтешките од Словенската група на јазици заради комплексните заменки и родовите, но исто така има и голем број на времиња.
4. Арапски јазик - Еден од јазиците за кои треба да сте навистина упорни за да го научите. Арапскиот важи за еден од јазиците кои тешко дека ќе го научите преку ноќ, само заради необичното изговарање на зборовите. Поставеноста на јазикот за изговор на буквите е исто така огромен предизвик.
5. Кинески и јапонски јазик - Без заменки, без родови, без времиња, без менување на глаголите, кратки зборови, многу лесна граматика, а само тешко пишување. За зборување е доста лесен, но она што многумина ги плаши е звучноста и комплексноста на зборовите. Предизвикајте се себеси да започнете да учите кинески и полски јазик во исто време, само за да се убедите самите кој е полесен.
6. Француски јазик - Просечен јазик со голем број на времиња кои не се користат во секојдневната комуникација. Затоа, ако паѓате на овој секси јазик, ништо не ве спречува да го зборувате за само неколку години.
7. Шпански и италијански јазик - Луѓето кои одбираат да ги учат овие два јазици немаат никаков проблем, па не е чудо ако го научите само од слушање. Граматиката дури и не ви е потребна ако ја сакате само основата.
8. Англиски јазик - Без разлика на заменките или времињата, го слушате насекаде. Спелувањето може да биде единствен проблем кој за многу брзо време се усовршува. Без разлика на многубројните сленгови и жаргони, основата на овој јазик се смета за една од наједноставните.
Постојат повеќе фактори коишто влијаат на одредувањето на вредноста и тежината на јазикот. Не се однесува тоа само дали луѓето имаат потешкотии во учењето или пак стереотипите за некои јазици, како азиските, на пример, дека не можат да се научат.
Всушност, колку поголем број говорители има, толку подобар знак дека јазикот може да се научи. Голема улога имаат граматиката, фонетиката, комплексноста на пишувањето, менувањето на глаголите и можноста и волјата, говорителите на одреден јазик да комуницираат со странците на својот мајчин јазик, наместо на англиски.
Преку „живиот говор“ најбрзо и најлесно се учат сите јазици.