Дали би се откажале од љубовта за милион евра?
Велат, парите се извор на сите зла, а најновото истражување покажало дека во оваа стара поговорка има и вистина.
Истражувачите ги запрашале Британците, што се подготвени да направат за милион фунти (околу 1,2 милиони евра), а резултатите биле зачудувачки.
Дури еден од десет мажи би биле спремни да ја остават партнерката, ако би ги добиле парите. Додека, за половина (една од дваесет) е помал процентот на жени кои би го направиле истото.
Една од десет личности дури би биле подготвени да останат сами до крајот на животот за тој износ.
Не само што некои луѓе би биле подготвени да се откажат од љубовта поради пари, туку 11 проценти од мажите изјавиле дека би се одрекле и од најдобриот пријател, како би дошле до првиот милион евра. Тоа е двојно повеќе во однос на жените кои би го направиле истото.
Дури 41 процент од Британците, до крајот на животот не би пиеле пиво, ако тоа би им помогнало да стигнат до богатството, а повеќе од половина од испрашаните жени биле подготвени засекогаш да се откажат од чоколадото.
Дали вие би се откажале од љубовта, во замена за милион евра?