Добрата страна на кошмарите

Од психолошки аспект, феноменот сонување е од суштинска важност за здравјето. Кога се случува сонот знаеме дека сонувачот е подготвен да се носи со проблемот, но и да го реши.

koshmarite-se-nashi-najdobri-prijateli

Светот на соновите е мистичен, симболичен, интригантен, не постои личност на планетата Земја која не е вовлечена во него. Додека спиеме нашиот мозок креира слики и приказни, кои понекогаш имаат смисла, а некогаш се чинат тотално бесмислени иако психотерапевтите можат да проникнат и во нивното значење. Додека сонуваме телото ни е целосно опуштено, свеста ни е потисната во втор план, така што нашиот несвесен дел може да дојде до полн израз.

Што ни препорачуваат соновите?

Соновите можат сè да ни кажат. Како што е сè запишано од почетокот на светот, така е сè запишано и во нашата психа.

За да можете точно да ги откриете значењата на соновите, потребно е да се земат предвид повеќе аспекти. Некои од нив се: каков тип на сон е, какви се вашите моментални животни случувања, симболите кои се јавуваат.

За некој да се занимава со проучување и објаснување на соновите потребно е да биде исклучително образован и искусен. Во Швајцарија, на институтот „Јунг“, потребно е да се биде магистер на науки, за да може некој да аплицира, и да поминал над 300 часови во лична анализа, што е огромно искуство. Затоа, не верувајте секому и не се трудете погрешно да ги објаснувате соновите. Тоа е многу посложен процес.

Дали соновите можат да ни ги претскажат идните случувања?

Да, можат. Потиснувајќи го свесниот дел, во соновите ни се јавува несвесниот дел кој ни овозможува да добиеме повеќе и поголеми информации кои свесно не ги перцепираме, а се клучни показатели кои можат да ни помогнат во предвидување на следните животните случувања за оние настани кои ни се јавуваат и во сонот.

Дали постојат лоши сонови кои и покрај застрашувачкото значење, всушност може да навестат нешто добро во нашите животи?

Не постојат лоши сонови. Ноќните кошмари се нашите најдобри пријатели. Секој сон кој нè вознемирува, всушност има задача да не раздрма, да ни го привлече вниманието и да ни покаже дека нешто прави против себе, како би нè натерало да преземеме нешто во врска со тоа.

Промените не се случуваат преку ноќ, но лошите сонови престануваат во оној момент кога покажуваме добра волја и внимание кон решавање на внатрешните случувања, кога свесно ќе се запрашаме што не е во ред? Тогаш, нашиот несвесен дел преку соновите ни ги дава понатамошните патокази.

Заборавете на соновникот!

Кога се соновниците во прашање, психотерапевтите и научниците се едногласни и јасно кажуваат: НЕ! За да се декодираат симболите во сонот, постојат повеќе можни начини и гледања, а во соновниците за секој симбол значењето е воопштено и не ги зема предвид околните симболи и останатите случувања во сонот. Затоа не се препорачливи соновниците. Но, постои друг алтернативен начин со кој може да добиете многу поголема симболика и корисен совет од вашиот сон. Секој кој има потреба да биде во контакт со себе, може да си чува еден бележник покрај креветот и веднаш по будењето да го запише сонот до најмали детали.

Така, без никакви погрешни влијанија и различни несоодветни анализи, секој ќе знае на што точно треба да обрне поголемо внимание и како да ги реши проблемите кои му се јавуваат. Со текот на времето, секој ќе го воочи механизмот на кој нашиот несвесен дел креира симболи. Така сонувачот го учи јазикот на своето несвесно битие, а тоа е оној дел во нас кој е поврзан со природната мудрост.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg