Подгответе десерт со мирис на есента: Мафин со крушки
Ако сега не го испробате овој есенски десерт со зрели крушки, верувајте дека многу ќе пропуштите. Посебно ако сте љубител на ова сочно есенско овошје...
Идеални се за појадок, но и за слатка ужина по ручекот или кафето. Во секој случај, ќе бидете воодушевени од едноставноста, а воедно и неодоливиот вкус.
За подготовка потребни ви се:
- 2 крушки
- 3 јајца
- 150g маргарин
- 100g шеќер
- Ванилин шеќер
- 150g брашно
- Прашок за печиво
- Лажица цимет
- 120g ореви или бадеми
- 100g чоколадо за готвење
За глазура:
- 100g чоколада по желба
- 70ml слатка павлака
Подготовка:
Подмачкајте ги калапите за мафини со масло или путер и оставете ги во ладилник.
Матете ги јајцата со шеќерот, ванилиниот шеќер и маргаринот. Додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и цимет. Мешајте со миксер додека смесата не добие густина и сите грутки исчезнат.
Измешајте ги сецканите бадеми или ореви и искршената чоколада, додека не се соединат со тестото.
Наполнете ги калапите, а во секој мафин додадете една кришка излупена круша. Можете да ја ставите на самото дно, во средина или пак на самиот врв на колачето. Печете 25 минути на 200 степени.
Откако ќе се испечат, премачкајте ги со глазурата која ќе ја подготвите така што слатката павлака и чоколадото ќе ги растопите на висока температура. Декорирајте со уште некое парче чоколадо или крушка, по желба.