Посвоила кенгур и се преселила во Зоолошка градина за да можат да живеат заедно (видео)

Кристи Кар и нејзиниот кенгур Ирвин се преселиле во интерактивната зоолошка градина во Оклахома за конечно, по две години бегство, да можат без страв да живеат заедно.

posvoila-kengur-i-se-preselila-vo-zooloska-gradina-za-da-mozat-da-ziveat-zaedno-video-01

Кристи, која боледува од депресија минатата година го напуштила својот дом и заедно со Ирвин постојано се во потрага по сигурно место и живеалиште, затоа што таа е исплашена дека ќе и го одземат заради тоа што не поседува никаква дозвола или осигурување.

Таа е негувателка на кенгурот веќе неколку години и му помогнала да се опорави од ударот кој го имал уште како млад, во тешка и голема ограда. За жал, Ирвин останал половично парализиран, па не е во можност да се врати каде што припаѓа.

Но, сега конечно пронашле дом. По долго бегање и криење, Кристи и Ирвин добија дом во зоолошката градина во Оклахома, каде што таа има соодветно сместување, а кенгурот е во секојдневна комуникација со други животинчиња и луѓе.

posvoila-kengur-i-se-preselila-vo-zooloska-gradina-za-da-mozat-da-ziveat-zaedno-video-02

Патот до оваа цел не бил воопшто лесен. Властите сметале дека Ирвин може да биде голема опасност, заради тоа што и припаѓа на црвената раса на кенгури кои може да тежат и до 100 килограми.

Сепак, ветеринарите констатирале дека тој нема да тежи повеќе од 20тина килограми, токму заради неговата кастрација и повреда.

По долго време, денес Кристи и Ирвин имаат мирен и спокоен живот во зоолошката градина која им ги овозможува сите неопходни потреби.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg