Станете енергична личност во само 8 чекори
Ако константно се чувствувате изморено, тешко станувате и го гасите алармот неколку пати наутро или пак се чувствувате како постојано ви недостасува енергија, тоа може да се реши.
Ова се осумте најпрактични совети:
1. Одморете
Ако ви е тешко да останете сконцентрирани, во текот на денот пронајдете мирно место каде можете да дремнете барем половина час, но задолжително навијте го алармот. Најдобро е да отспиете штом се вратите од работа за да имате енергија од остатокот на денот, а да не го попречите сонот во текот на ноќта.
2. Вежбајте
Може ви звучи бесмислено кога некој ве советува да вежбате кога сте изморени, но тоа е најдобриот совет. Само 10 минути прошетка или било каква физичка активност ви даваат сила во наредните 2 часа.
3. Внесувајте многу течности
Ако дехидрирате постојано ќе се чувствувате заморно, па затоа трудете се да внесувате многу течности. Не се ограничувајте само на обична вода – пијте и свежо цедени сокови, млеко, чај или ароматизирана вода со парчиња овошје во неа.
4. Слушајте музика
Слушајте весела музика! Таа ќе ви ја врати енергијата, а покрај тоа нема да бидете поспани додека ги обавувате обврските. Музиката го прави нервниот систем почувствителен и на тој начин ви помага да се изборите со предизвиците.
5. Медитирајте
Ова е еден од најпопуларните начини да си ја вратите енергијата. Медитацијата го намалува откуцувањето на срцето, ја намалува тензијата и го активира ендорфинот, кој го подобрува вниманието и ја зголемува будноста на организмот.
6. Намалете го кафето и шеќерот
Сосема е нормално да посегнувате по кафе и нешто слатко, но без оглед на тоа што моментално се чувствувате пријатно, постои голема можност нивото на шеќер и кофеин во телото да се изгуби за неколку часа. Заради тоа, практикувајте овошје чие дејство е подолготрајно од она на кафето и чоколадните кекси.
7. Внесувајте доволно витамин Б
Поспаноста и заморот може да бидат и како последица на недостиг на витаминот Б. Внесувајте ги преку исхраната, но и како таблети.
8. Избегнувајте ги енергетските „вампири”
Мислиме на личностите чие присуство ве исцрпува и заморува. Потполно исклучете ги од вашиот живот, без никаква грижа на совест.