Вежбајте со личниот тренер на ангелите на Victoria's Secret (видео)
Како моделите од Викторијас Сикрет изгледаат феноменално во секој момент? Одговорот е едноставен: секогаш внимаваат на исхраната и имаат одреден начин на вежбање. Нивните вежби се малку поразлични, специјално составени од нивните лични тренери.
А, бидејќи многумина од нас не може да си дозволат личен тренер, може да вежбаме заедно со нив. Затоа, погледнете ги чекорите кои овие славни тренери ги објавија во јавноста бесплатно.
Ова видео содржи десет минутна програма и серија на вежби за целото тело и е креирано од страна на Андреа Орбек, која тренира повеќе ангели на Викторијас Сикрет.
Не ви е потребна посебна опрема, ниту премногу време, па секој може да ги испроба. Оформете го своето тело вежбајќи во вашата соба!