Зорбинг - ново искуство за адреналинските зависници
Оваа нова екстремна рекреација ќе им удри во глава на сите кои сакаат да пробаат нешто ново и необично. Безбојниот пластичен балон е единственото помагало кој го прави овој спорт интересен, но истовремено и побезбеден.
Кога ќе влезете во балонот наречен зорб, цврсто сте стегнати со сигурносни ремени. Ваше е само длабоко да вдишите и да се подготвите за екстремен пад.
Овој начин на забава е всушност далеку од нов. Зорбингот е измислен уште во 1994 година во Нов Зеланд, но дури сега ја доживува својата слава.
Во Гинисовата книга на рекорди влезен е Стив Камп кој се тркалал со зорб топка цели 570 метри. Кеит Колвер ја постигнал најголемата брзина, дури 52 километри на час.
Ако сте тип на кој му се лоши на обични кривини, одминете го овој предизвик. Но, ако сте адреналински зависник, ова е активност која мора да ја испробате барем еднаш во животот.