Најлудите светски ролеркостери
Ролеркостерите се единственото место каде зборот забава добива сосема ново значење. Понекогаш возбудата и врескањето одат заедно, па оние кои сакаат екстремни забави и искуства, сигурно нема да им одолеат на овие 5 најдобри ролеркостери ширум светот.
Стратосфера, Лас Вегас
Самата помисла дека сте на врвот на зградата висок 900 метри доволна е да ви го забрза пулсот. Замислете па да сте во вагон кој паѓа на земја од толкава висина, но без шини. Кај овој ролеркостер шините се кратки и вагонот со силна брзина се спушта до рабовите, така што имате чувство дека летате во воздух. Би се осмелиле?
Формула роса, Абу Даби
Ако сте доволно храбри да се повозите со овој ролеркостер, ќе се движите со 241 километар на час. Оваа експресна справа со вкупно 16 седишта е изградена над стазата за Формула 1. Идејата е да ја почувствувате брзината и адреналинот како да се наоѓате на формула трка.
Клифхенгер, Колорадо
Оваа машина ја има титулата за највисок ролекростер на светот, сместен на дури 2133 метри висина. Оние кои ќе седнат во неа ќе имаат можност да уживаат во прекрасен панорамски поглед кон кањон. Ролеркостерот е изграден на врвот на планината Ајрон, а возењето започнува со остри кривини, по кои следи страшен непредвидлив пад.
Динконда, Кина
Овој е единствениот четири димензионален ролеркостер во светот од кој ќе ве полазат морници. Покрај стандардното возење и кривини, секој вагон излегува од шините и врти 360 степени! Затоа, додека возите со над 126 километри на час, имате чувство дека неконтролирано излетувате од возилото.
Порт Авентура, Барселона
Во Барселона е сместен најбрзиот ролеркостер во Европа, кој навидум изгледа како најобичен и најмал. Достигнува брзина од 135 километри на час за само 3 секунди. Ако се решите да уживате во убавините на овој ролеркостер ќе го доживеете најкраткото, но незаборавно доживување.