Заборавате често? Има зошто!
Сите оние кои се нашле во ситуација да заборават настани, лица, обврски – немаат причина за грижа! Ова е само знак дека нивниот мозок работи исправно.
Според неодамна спроведеното истражување, мозокот „одлучува“ да ги запомни само оние сеќавања кои ги смета релевантни, а го намалува помнењето на оние кои ги смета за помалку важни. На тој начин ги зголемува когнитивните способности и ја спречува збунетоста.
Научниците од Калифорнија користеле функционална магнетна резонанса за да ја измерат мозочната активност на 20 здрави личности додека правеле едноставен тест на меморија.
На крајот на истражувањето заклучено е дека човечкиот мозок секој пат одново ги прилагодува и вреднува информациите кои ги сочувува. Заради овој процес заборавањето е функционално.
Пример – помнењето на лозинки. Кога ќе ја промените лозинката да речеме на вашиот e-mail, мозокот некое време ќе ја памти и старата, па на почетокот може ќе ги мешате. Но, после одредено време и повторување на новата лозинка, старата потполно ќе ја заборавите и избришете од сеќавањата.