Сигет низ слики: Една недела забава, возбуда и музика во Будимпешта

Само што ќе го поминеш мостот на влезот на островот Обудаи во Будимпешта каде што изминатата недела се одржуваше фестивалот „Сигет“ добиваш чувство како да влегуваш во мала држава на забавата. Посебна држава на Дунав во која неколку дена живеат илијадници луѓе од цел свет, распослани низ островот по шатори, седнати по тревници, слободни, пијат, играат и ги слушаат своите омилени бендови.

sziget-niz-sliki-edna-nedela-zababa-vozbuda-i-muzika-vo-budimpesta

Годинава имаше и што да се чуе. Од обемната музичка програма која вклучи музичари од повеќе од 50 земји од светот имаше и светски познати имиња.

Тешко е да се направи селекција, но веќе кога мора неизбежно е да се спомне настапот на Ник Кејв во првиот ден од фестивалот. Емотивно, лирично а во исто време и драматично Кејв се отвори пред своите фанови изведувајќи песни од најновиот албум но и постари хитови. И тие, неговите обожаватели, му вратија со иста топлина. Најупорните, меѓу кои и наши, Македонци, се пробија во првите редови.

Незаборавен беше и настапот на „Блур“, потоа „Франц Фрединанд“, „Едиторс“, „Емпајр оф д сан“, Дејвит Гета, Нина Кравиц, Вудкид, „Бед Релиџн“ и многу други.

И Македонија имаше свој претставник, тоа беше бендот „Шутка рома рап“, за кој имаше голем интерес и кој одлично се претстави пред публиката.

Концерите сами по себе не зборуваат доволно за „Сигет“. „Сигет“ е многу повеќе од тоа. На Обудаи има забавни содржини, циркус, панорама, уметнички преформанси, акробации, места каде што може да се најде различна храна, па и плажа на Дунав.

Од над 360 илијади посетители на островот имаше и педесеттина Македонци. И тие, како и сите други се измешаа во реката од луѓе станувајќи едно со сите, едно со светот.

Подготвил: Кате Антевска

фото: Дејан Давитков

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg