Подгответе: Солен сладолед во корнет

Сигурно солениот сладолед како рецепт е нешто што до сега никој го нема пробано, но зошто да не ги изненадите оние кои сакаат да експериментираат со вкусовите?

podgotvete-solen-sladoled-vo-kornet-01

Станува збор за солен оброк со состојки за пица, само во облик на сладолед во корнет.

Потребни состојки: (за 4 парчиња)

  • Тесто за пица кое ќе го подготвите самите
  • 100g рендан кашкавал
  • 100g ситно сецкана салама (по желба)
  • 10тина маслинки, ситно сецкани
  • Свежо доматно пире
  • Зеленчук по желба

 

podgotvete-solen-sladoled-vo-kornet-04

Подготовка:

Тестото за пица исечете го на колку парчиња и да сакате, а потоа од секое формирајте круг со дебелина од 2-5 сантиметри, по желба. Свиткајте го тестото околу некој сад со конусоидна форма за да го формирате корнетот и крајчињата залепете ги со помош на вилушка и малку посилно притискање.

Печете додека корнетите не заруменат, но не треба да се потполно готови. Кога тестото ќе биде доволно тврдо за да може да го наполнете, извадете ги корнетите.

Наполнете ги со рендан кашкавал, салама, зеленчукот и маслинките, па потоа вратете ги во рерната. Најдобро е да ги печете во некој повисок калап за да бидат што повеќе исправени.

Кога кашкавалот ќе се растопи и ќе почне да се разлева, корнетите се готови. Извадете од рерна, истурете го доматното пире, посолете или зачинете по желба и поставете ги на држачи за помфрит.

podgotvete-solen-sladoled-vo-kornet-02

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg