Плавушите немаат веќе забава
Иако од секогаш се говорело дека плавушите повеќе се забавуваат, новите истражување покажуваат дека тие многу почесто имаат разрушени романтични...
...надежи по првиот состанок.
Додека третина од првите состаноци во Британија завршуваат како целосна пропаст, избланшираните припаднички на понежниот пол за четвртина се поблиску до распрснување на нивните соништа за вистинска љубов од бринетите и црвенокосите.
Блондинките е очигледно дека пробуваат да го заведат мажот преку спомените на бившиот. Така, како што обилно разумот им станува заматен од големата количина на алкохол, состанокот завршува во кревет заборавајќи го дури и името на потенцијалниот господин Вистински.
Од 18 милиони први состаноци, колку во Британија се случуваат во текот на една година, повеќе од 6 милиони не стигнуваат до вториот.
Пени Конвеј која работи во фирма за спојување сродни души вели:
"Иако звучу неверојатно дека некоја личност може да се однесува поинаку само поради бојата на косата, тоа сепак е вистина. Во филмовите, за плавушите секогаш се претпоставува дека се плитки и дека се подобри за зезање. Овој стереотип е пренесен и во реалниот живот.
Начинот на кој луѓето не доживуваат, влијае на нашата слика за себе и на нашето однесување, па поради ова може да се каже дека блондинките се однесуваат полошо од бринетите и црвенокосите и најчесто имаат секс на првиот состанок."
Оваа компанија која го вршела истражувањето открила дека недоличното однесување како каснење, оставање на партнерот, пијанчење, зборење за бившиот и сексуалните освојувања, се причини поради кои се гаси пламенот на првиот состанок.