Канцеларии во стилот на Вили Вонка (фото)
Се работи за компанијата Дејвисон, која се наоѓа во Питсбург и годишно има по околу 2.000 нови пронајдоци. Се простира на повеќе 5.000 метри квадратни и буквално потсетува на фабриката Вили Вонка.
На прв поглед изгледа како сосема обична зграда, преполна со здодевни и еднолични канцеларии. Но, ако ги прашате вработените, тука се случува вистинската магија.
Покрај креативните умови кои работат во оваа компанија, средината е потполно уникатна и дизајнирана така што имаат чувство дека се во некој паралелен свет.
Секоја канцеларија има посебна приказна, исто како и уникатно дизајнираната теретана, кујна и водопадот од кој црпат инспирација.
Замислете како би изгледала секојдневната прошетка низ овие канцеларии и ходници...