Откриваме делови од книгата на Новак Ѓоковиќ
Книгата на Новак Ѓоковиќ – Со сервис до победа, која треба да се појави на крајот на август, открива многу интересни детали од кариерата на моментално првиот тенисер на светот. Освен приказните за водење на здрав живот и тоа низ призмата со специфичен режим на исхрана, Ноле потсети и на важноста на однесувањето кон луѓето и светот кој не окружува.
Некои американски медиуми веќе открија некои поединости од книгата
Ноле секој ден зема по две лажички мед од Нов Зеланд, утрото го започнува со чаша вода на собна температура, максимално избегнува консумирање шеќер, и воопшто не внесува кофеин. Минимум 7-8 часа сон секојдневно, медитира, вежба јога и Таи Чи. Вметната е и неговата исповед од деновите на бомбардирањето во Србија (F-117 бомбардер леташе над мене и баш тука почна да ја отвора својата метална утроба).
Новак наведува дека ги сака учењата на источната медицина и тамошната филозофија. Еден од неговите омилени примери е темата како светот всушност функционира.
„Еден истражувач земал две чаши вода. Кон едната споделувал само добра енергија (љубов, задоволство, среќа), а кон другата само лоша енергија, бес, страв и непријателство. После неколку дена, водата во втората чаша позеленела. Во првата и понатаму останала чиста. Знам, звучи лудо, зар не? Но, овој тест, според мене е доказ дека секоја една работа на светот споделува еднаква енергија: и луѓето, и животните, и сите елементи кои го креираат овој свет. Сè!“
Во прилог е и видео прилог за замрзнати кристали вода, кој јапонскиот научник, доктор Масару Емото најпрво ги изложува разни човечки емоции, а потоа во една секунда ги фотографира кристалите.
Секоја убава фотографија е водата после убавите емоции. И обратно. Уживајте: