Скриени пораки во рекламите
Без некој да ни посочи, ретко кога ќе забележиме некоја скриена фигура, буква или лого во рекламите кои секојдневно ги гледаме.
Затоа, добро задлабочете се и фокусирајте се на скриените пораки. Ќе бидете зачудени од двојната смисла на многу нешта.
1. Еден прстен ја управува борбата на газираните пијалаци - Многумина веруваат дека Coca-Cola всушност му платила на тимот од “The Lord of the Rings” за компјутерски да го изгравира нивното име на прстенот.
2. Само растопен мраз? - Горната фотографија е само растопен мраз, но на втората фотографија контурите покажуваат дека мразот има уникатна форма.
3. Страста е во мразот - Погледнете го од поблизу мразот во чашата. Многумина тврдат дека им личи на еден секси збор тајно спелуван помеѓу меурчињата.
4. Суштината лежи во марулата - Оваа оригинална и генијална идеја ќе можете да ја погледнете само ако подобро се загледате во зелениот лист. Во тоа и лежи суштината на оваа реклама, зар не?
5. Ќе ви го задоволи... умот?! - Реклама за Бургер Кинг важи за една од најдобро осмислените, двојни реклами. Нема потреба ништо да објаснуваме или потцртуваме.
6. Пиратите под франшиза на Дизни - Тука нема скриена порака, но ако го споредите логото на Дизни и Пиратите ќе забележите морбидна поврзаност.
7. Скитлeс Експлозија - Погледнете ја буквата С која што се наоѓа најдолу во црвената бонбона. Искрена грешка или потсвесно рекламирање?
8. Повеќе линии на повеќе места - Можеби нема да забележите ако ја гледате на телевизија, но линиите од мрежата, кои се лого на оваа мобилна компанија се провлекува во позадината на секоја фотографија.
9. Кога ќе забележите... - Да не го споменуваме фактот дека ова е реклама за фармерки, туку овој пат загледајте се во мускулите на моделот кои се премногу очигледни. Што гледате?
10. И вие ќе се смеевте - Дечкото од десна страна е премногу насмеан за работата која ја врши. Тешката потковица и не е така смешна работа, но кога ќе ви заличи на нешто друго...
11. Скриен расизам - Рекламата за Интел поттикна голем број на дебати за возвишувањето на расизмот и робувањето на црната раса. Несакана коинциденција или рекламен трик?
12. Совршено поклопување - Дали ова ве прави жедни за ледено ладно пиво? Свртете ја сликата наопаку и размислете два пати дали ќе го испиете пивото...
13. Пиво во форма - Уште една превртена реклама, но овој пат од Хајнекен која на пивото му даде сосема нова замисла. Можеби никогаш немаше да забележите без посочување.
14. Тврдо пакување - Само ако го осветлите вистинското место ќе ја разберете суштината на оваа реклама за тврдо пакување на цигари.