Предвремен свадбен танц посветен на таткото кој умира (видео)
Џејмс Волф има желба да биде присутен во сите сегменти од животот на неговата ќерка, но умира од рак и ќе живее уште најмногу 3 месеци. Неговата ќерка совршено успеала да му ја исполни таа желба.
Рејчел Волф која се подготвувала за венчавка која требала да се одржи за неколку месеци, наместо на својот сопруг, најпрво му се посветила на својот татко кој умира и организирала предвремена венчавка. Го облекла невестинскиот фустан и го чекала својот татко да се појави.
Џејмс, кој тогаш бил во болница, со помош на својата сопруга се облекол и се упатил накај збиднувањето. Кога Рејчел излегла од лимузината, тој не можел да се изнагледа.
„Изгледаш прекрасно“ - биле зборовите кои во тој момент ја избришале целата несреќа.
Рејчел и Џејмс танцувале на “Cinderella”, а сопругата на Џејмс и помалата ќерка постојано ги прателе и ги делеле незаборавните моменти.
„Секој ден имаме избор. Имаме избор да сакаме некој кој е пред нас или не. Тоа се односи кои се градат со години и тие се најважното нешто во животот. Сè останато е илузија“ – вели Џејмс Волф.