Тајната на анти-гравитациските чевли на Мајкл Џексон
Уште кога прв пат Мајкл Џексон го изведе својот анти-гравитациски чекор, започнаа прашањата, чудењата и воздишките како е тоа возможно. Тотална мистерија беа и танчерите кои постојано го следеа во овие невозможни чекори.
Се тврди дека во 1993 година Мајкл Џексон со уште двајца помошници ги креирал овие чевли кои имаат необична штикла, која лесно се закачува за сите испакнатини, а во овој случај тоа се сребрени, метални испакнатини поставени на дрвена даска.
Дури има и инструкции на која страна исклучиво смее да се движи навалувањето на телото, бидејќи во спротивно би било неуспешно.
Откако е дознаена тајната на Мајкл Џексон, анти-гравитациското движење е возможно за секој кој ќе посака да го сочува делото на својот идол.