Како би реагирале вие на оваа шега?
Џек Вејл е познат преку Јутјуб, каде што ги поставува видеата од сите оние кои на најразлични начини се обидува да ги збуни, насмее, а понекогаш и разлути.
Во најновото видео се одлучи за едноставна, но ефикасна шега, а овој пат на неговата мета се најдоа продавачите во рестораните за брза храна.
Овој пат имаше и помош, а трикот се состои во тоа што еден нарачува храна преку лентата за возила, потоа го менува местото и храната е доставена на сосема нов човек.
По смената возачот тврди дека тој е сам во возилото и лично ја направил нарачката, а некои од продавачите почнуваат да се сомневаат во самите себе.
Симпатична и забавна шега која без сомневање ќе ве насмее.