Направи сам: Од празен парфем до уникатна декорација
Парфемите речиси секогаш се спакувани во прекрасни стаклени шишенца кои обично веднаш штом се испразнат ги фрламе. Но, никогаш не сте размислиле како креативно да ги искористите миризливите амбалажи?
Погледнете ги овие неколку идеи и инспирирајте се да направите нешто креативно и прекрасно за вашиот дом.
Мини вазна за цвеќе
Искористете ги поголемите шишенца за да ги претворите во мини вазни. Одлепете ја етикетата, залепете некоја своја декорација по желба, наполнете вода и поставете го шишенцето со интересен облик на некоја полица.
Освежувач
Оваа идеја е фантастична! Од задната страна на шишенцето залепете шарена хартија, украсете по ваша желба и наполнете го со етерично масло. Може да додадете неколку дрвени стапчиња кои ќе го впијат мирисот и ќе го прошират низ целиот дом. Плус, изгледа како скапа, луксузна и необична декорација.
Слатки ланчиња
Малите шишенца од тестери можете да ги наполните со монистри во една или повеќе бои, да ги затворите добро и да ги замотате со мала жичка околу капачето. Додадете едно синџирче и ќе создадете нов, модерен аксесоар.
Држач за накит
Шишенцата со овална форма и интересни капачиња секогаш може да ги искористите како држачи за накит. Украсете ги со вашите омилени часовници, нараквици или ланчиња.
Свеќник
Обоените шишенца може да бидат одлични држачи за високите свеќи кои никако не можете да ги сочувате стабилно да стојат. Наполнете ги шишенцата со песок или ситни камчиња за да добиете поголема стабилност и поставете ги каде сакате низ вашиот дом.