Сексот и животните
-->
Каков секс имаат животните? Кој има најголем полов орган? Кои животни се најромантични? Прочитајте неколку интересни факти кои нас не изненадија!
- Женската црна вдовица го јаде својот партнер за време на сексот.
- Алигаторките ја чуваат својата линија пред секс и затоа гладуваат 2 месеци пред парење. Често се случува во зоолошката градина да настанат оргии кога се работи за алигаторите.
- Пенисот на носорогот е долг 60см. Тоа не е ништо во споредба со коалите, игуаните и комодо гуштерите кои имаат по 2 пениса. А, и тоа е занемарливо кога ќе дознаете дека синиот кит има тестиси колку Фолксваген Буба.
- Оргазмот на свињите трае 30 минути. Но, затоа кутриот пингвин одвојува за секс само 3 минути годишно.
- Најненаситни цицачи се шимпанзата кои се задоволуваат меѓусебно на најразлични начини. Забележано е дека женките во некои периоди имаат односи и по 20 пати на ден. Прав рекордер е пустинскиот стаорец кој е во состојба да се пари и по 120 пати на час.
- Сексот на куните трае 8 часа. Комарците го прават тоа само 2 секунди.
- Погодете кој го прави тоа најбавно? Па кој друг ако не желките! Прво со часови се влечкаат и успорено климаат со главите. Потоа мажјакот ја зема главата на женката во својата уста. Предиграта уште не е готова- следи лижење на женските стопала и дури потоа започнува најдосадното парење на светот.
- Снаодливите октоподи спермата ја внесуваат во женскиот репродуктивен орган со помош на краците, а нивните полови органи никогаш не се допираат.
- А скорпиите? Мажјакот со клештите ја зграпчува женката, испушта сперматозоиди на земјата и потоа ја влече женката по подот за да дојдат нејзините репродуктивни органи во контакт со течноста.
- Меѓу најнежните љубовници на светот - се вбројуваат слоновите. За нив нема секс на прв состанок. Парот се заљубува преку телесната миризба, а потоа почнува едномесечно додворување каде мажјакот и нуди храна на женката или ја прска со вода по нозете. По сексот парот се милува со сурлите и опашките.
-->
Би можело да ве интересира:
Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева
Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дек...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца
Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус
Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот...
Малата Натали е хит на ТикТок со нејзиното маче – заедно јадат, спијат и си играат (видео)
Животните и децата имаат нераскинлива врска, а доказ за тоа се Натали и нејзинот...
Како да препознаете дали облеката што ја купувате е квалитетна (без разлика на цената)?
Обрнете внимание на мирисот – ако облеката мириса чудно, дури и како некое хемис...
10 илустрации што ги отсликуваат женските маки (и неправди)
Секоја жена е уникатна, но сите ние имаме некои работи што ни се заеднички. Оваа...