Совети за воспитување на децата од познатите

Совет околу воспитувањето на децата секогаш е добредојден. Секој родител има свој начин и свои ставови околу ова. Познатите личности, исто како и сите, се помалку или повеќе успешни родители, па погледнете некои нивни совети и мислења за тоа како да се воспитуваат деца. Можеби ќе пронајдете некој вреден совет.

soveti-za-vospituvanje-na-decata-od-poznatite-01

Вежбајте заедно

„Најдобар начин да ги научите да го сакаат вежбањето и рекреацијата е да бидете пример. Моите деца знаат дека ако не врне, одиме надвор од куќата и организираме „Оз олимскиски игри“. Им поставуваме препреки и трчаме преку нив, им давам тешки задачи за кога ќе паднат да се научат да се подигнат“, кажува доктор Мехмед Оз

Вечерајте заедно

Семејните вечери се правило од кое не смее да се отстапи во Белата куќа. Што и да се случува, сѐ запира во 18 и 30 минути кога е време за вечера. Дури претседателот се труди да ги усогласи своите обврски и да пристигне на време за ручек. „Тие вечери ги користиме за да се поврземе со нашите ќерки, разговараме и минуваме квалитетно време заедно. Забележавме дека кога разговараме, девојките не јадат толку брзо, што е одлично за здравјето“, кажува Мишел Обама.

Не ги осудувајте

„Мојата цел е да ги сослушам моите ќерки и при тоа да ги воспитам и да ги научам, а да не ги посрамотам“, кажува актерката Кортни Кокс

Проверувајте ги состојките на храната

„Понекогаш не обрнуваме внимание на храната која ја носиме дома и претпоставуваме дека на некои продавници можеме да им веруваме. Воопшто не размислуваме колку канцерогени работи има во детергентите или во соковите. Треба да обрнеме повеќе внимание и да ги заштитиме нашите деца“, кажува Џесика Алба која основаше и компанија за достава на еколошки нетоксични производи за бебиња.

Кога сте дома, исклучете сè!

„Исклучете ги мобилниот телефон, таблетот и компјутерот. Децата знаат кога ќе им се посветите 100% и го ценат тоа. Бидете присутни во нивниот живот“, кажува актерката Александра Вентворт.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg