Најчудните фобии на ѕвездите
Секој човек има некаква фобија, изразена во поголема мера или помала, вообичаена или уникатна. Познатите не се бестрашни иако нас така ни изгледаат.
Погледнете ги најчудните стравови на ѕвездите
Били Боб Торнтон
Били Боб Торнтон се плаши од антички мебел. Не може да го гледа и одбива да го користи.
Опра
Опра се плаши од мастики за џвакање и нејзиниот страв е толку екстремен што забранува внесување на мастики во зградата каде што се снима нејзината серија. Се случило да фрли чинија на гостин кој ја оставил мастиката на неа и побеснела.
Памела Андерсон
Памела е преплашена од нејзината рефлексија во огледало до тој степен што таа одбива да се гледа на слики и на телевизија.
Тајра Бенкс
Се плаши од делфини од кога имала 8 или 9 години бидејќи имала соништа како ја напаѓаат.
Никол Кидман
Актерката вели дека не се плаши од пајаци или од змии, но дека не може да ги поднесе пеперутките. Тој страв потекнува од нејзиното детство, кога дури и се прекачувала по огради и ползела покрај нејзината куќа за да ги избегне.
Енди Родик
Енди Родик се плаши толку многу од зајаци, што во текот на некоја велигденска забава скокнал да бега кога ја видел велигденската маскота. Потоа замолил таа да биде што е можно подалеку од него.
Пи Диди
На едно познато шоу Диди одбил да гледа во стапалата на некоја актерка затоа што се плашел да не види подолг прст од палецот.
Уште 7 фобии на следната страна...