5 знаци дека не си толку паметен како што мислиш
Живееме во време на експерти, интелектуалци, бомбардирани сме секојдневно со мислења и теории. Секој знае сѐ, а никој ништо не прави. Дали навистина постојат толку паметни луѓе или пак тие се убедуваат во тоа, постојат знаци со чија помош може да препознаете во која група спаѓаат.
Недостиг на професионален успех
Паметните луѓе имаат успех зад себе. Ако се уште живееш во домот на своите родители, најверојатно не си толку паметен како што сметаш и го оправдуваш ова со многу изговори. Паметните не наоѓаат изговори, туку наоѓаат начини како да бидат успешни, во што најчесто успеваат.
Во центарот на конфликтот
Паметните луѓе не го трошат времето на дебати и конфликти. Едноставно тие ја немаат потребата да се докажуваат пред блиските и тоа време би го искористиле многу попродуктивно. Ако го практикуваш ова често запомни дека над тебе имаш неонски знак кој покажува дека си далеку од паметен. Цени си го времето не го губи на бесмислени расправии.
Секогаш во брзање и премногу зафатен
Дали си постојано во брзање и постојано навлегуваш во некои кризни ситуации? Менаџмент со времето е алатка која сите паметни луѓе ја употребуваат. Тие така го намалуваат стресот, наоѓаат време за работа и за релаксирање. Ако сметаш дека си паметен запрашај се зошто постојано си во брзање? Тоа сигурно не е начин на кој човек може да живее според максималниот личен потенцијал.
И јас тоа мислам, тоа реков, ти викам слушај ме ти мене...
Не постои човек кој не бил некогаш жртва на постојано дрдорење на навидум интелигентен човек. По таа средба си заминуваме со измешан впечаток, од една страна презентацијата е одлична од друга страна никој не успеа да го разбере значењето на истата. Ова е практика на луѓето кои се прецениле. Во која категорија спаѓате добар слушач или пак милувате да зборувате постојано? Бидете објективни и проценете се.
Непредизвикувачки книги
Постојано разговара за некои книги, неговата листа е огромна, но ако посветиш внимание ќе забележиш дека се работи за едноличен и плиток избор на книги. Паметните луѓе читаат предизвикувачки и комплексни книги. Не е до квантитетот туку до квалитетот. Не се залетувајте по тоа што е популарно, барајте книги кои ќе ви помогнат да ги проширите вашите хоризонти.