Неодоливи овошни корпи со бело чоколадо
Доколку имате некоја роденденска прослава или пак само сакате да ги изненадите најблиските со нешто вкусно, одберете ги овие овошни корпи полнети со неодолив крем од бело чоколадо. Со неколку парчиња овошје ќе ги претворите во совршен летен десерт на кој никој нема да одолее.
Потребни состојки за овој рецепт:
За корпите: 250g брашно, прашок за пециво, 100g мелени бадеми, 150g путер, 100g шеќер, малку сол, една жолчка.
Крем: 4 жолчки, 4 лажици шеќер, 50g путер, лажица млеко, 50ml слатка павлака, 150g бела чоколада, еден ванилин шеќер.
За декорација: 150g боровинки, 50g шеќер
Подготовка:
Сите состојки кои се наведени како потребни за корпата мешајте ги додека не се соединат. Со смесата полнете ги калапите во вид на корпи правејќи дупка во средина. Печете на умерена температура околу 15 минути.
Извадете ги корпите од калапите додека се уште топли.
Кремот се подготвува на пареа мешајќи ги жолчките, шеќерот, путерот, млекото заедно со ванилин шеќер. Во смесата додадете искршената бела чоколада и мешајте додека се распопи. Тргнете од оган и додадете ја во изматената слатката павлака. Со кремот наполнете ги корпите.
Зовријте вода со шеќер, ставете ги боровинките, и продолжете да готвите уште 10 минути. Кога ќе се излади сирупот, прелејте ги корпите со него.