Забавна мини библиотека во Њујорк
Во Њујорк за прв пат е поставена мала, бесплатна, улична библиотека која досега никој не успеа да ја одмине.
Идејата која им била презентирана на станарите во близина ја прифатиле со одушевување.
Концептот на достапната литература е разновиден, а мини библиотека е наречена “World Play”.
Книгите нема да бидат достапни само на англиски јазик. Уште една интересна точка во овој проект е тоа што книгите ќе може да се најдат и во шпанска и во кинеска варијанта што само уште повеќе ќе ја зголеми достапноста на литературата до секој кој има желба да ужива во вакво нешто.
Освен тоа, библиотеката е дизајнирана така што има одвоен простор за читателите, каде што може да поминуваат пријатно време со своите најблиски или пак да запознаваат нови љубители на литературата.