Цик Цак бар во Њујорк
Њујорк е позната мултикултурна средина, па можеби токму таму се концентрирани многу хотели, барови, галерии, ресторани за сечиј вкус.
На една елитна локација се отвори овој оргинален бар, дело на германски уметник. Тој го задржал целосно просторот, но го променил само интериерот. По неверојатната преработка на овој бар, тој станал локална атракција.
Целиот конецепт се базира на геометриски форми, во црна и бела боја. Кривите линии даваат чуство на постојано движење. Така тој го камуфлирал просторот, а декорациите се едниствено нешто со што се разликува просторот од предходниот.
Овој бар е вистинско место каде што можат креативците да се сретнат и да испијат кафе после долгиот работен ден. Дизајнот совршено одговара за овој тип на боемски луѓе.