7 инспиративни приказни на слепи успешни луѓе
Слепилото и проблемите со видот не секогаш се пречка во остварување на соништата. Овие седум инспиративни личности ќе ви го докажат токму тоа.
Првата слепа атлетичарка
Кога Марла Рунијан имала само 9 години, кај неa се развило специфичен вид на слепило кое напредувало со голема брзина. Но, тоа не ја спречило да ги оствари своите соништа. Уште од далечната 1987 година Марла решила да ги следи своите цели и од тогаш, па сè до 2002та година нејзината атлетска кариера се развивала во нагорна линија. Таа денес е мажена со нејзиниот тренер Мет Лонерган, а зад себе има неверојатно успешна кариера и неколку златни медали.
Слепиот сурфер
Дерек Рабело не е само обичен сурфер. Тој е роден со глауком кој и покрај тоа што му предизвикува целосно слепило, решил да стане на нозе и да биде неверојатно успешен сурфер. “Со Господ, сè е возможно”, вели Дерек.
Слепиот уметник
Џон Брамблит го изгубил својот вид уште во 2001 година, заради комплицирани епилептични напади. Најпрво, тој не чувствувал ништо освен депресија и разочарување, но својата утеха ја пронашол во уметничките ремек-дела. Бидејќи Џон не може да разликува бои, ги развил своите сетила до степен да може да ги разликува боите по допир. Неговата уметност е продавана низ целиот свет, а заинтересираноста за неговите дела е сосема очекувана.
Првиот слеп НАСКАР возач
Во јануари, 2011 година, Марк Антони ги изненади сите кога по завршената трка дознаа дека тој е всушност првиот слеп возач. Технологијата го направи и овој предизвик возможен за него, со помош на многу други знаци кои му го укажуваа патот по кој треба да се движи. Со само 10 проценти гледање, Марк продолжи да се бави со слични предизвици, а исто така сака да испроба да ги убеди сите дека и слепите лица е возможно да возат воздушни летала.
Слепата готвачка
Готвачите имаат посебно развиени чувства за мирис и вкус, па затоа не е ни чудо што оваа слепа готвачка прави неверојатни специјалитети. Кристин Ха е девојка на која уште во 2004 година и било дијагностицирано слепило, а во 2007 година веќе тотално го загубила видот. Бидејќи уште од помлада имала желба да стане врвен готвач, не дозволила тоа да ја спречи. Сепак, таа признава дека готвењето без гледање бара голема организираност и способност.
Слепиот фотограф
Пит Екерт бил професионалец кога станува збор за изработување скулптури и индустриски дизајн. Тој отсекогаш посакувал да студира архитектура, но тие планови се промениле кога одненадеж започнал да го губи видот. Но, тој успеал да го совлада фотографирањето, дури откако го изгубил видот. Тој ја визуелизира сликата во својот ум и ги користи сите останати сетила и мемории за да создаде неверојатна фотографија.
Слепиот архитект
Кристофер Дауни е архитект, планер и консултант кој го изгубил својот вид во 2008 година како последица на тумор завиткан околу неговиот оптички нерв. Како е тогаш возможно да работи како архитект? Благодарение на компјутерот за слепи научници кој печати релјефасти цртежи, наместо линии нацртани со молив. Денес, тој е доста успешен во својата кариера и им помага на луѓето со оштетен вид да го постигнат она што тој го постигнал.