Организирајте се!
Сите секојдневно се соочуваме со фактот дека времето е ограничен ресурс и никогаш го нема доволно. Ви даваме неколку совети како да успеете да...
...добиете на време за да ги извршите секојдневните обврски
1. Мобилен телефон
Многу работи може да се направат иако не сте во канцеларија. Можеби достапноста 24 часа на ден на мобилниот телефон ја нарушува вашата приватност, но предноста е што не морате да бидете постојано во канцеларија. Итни работи може да се завршат и на улица многу често.
2. Држете се до распоредот
Планирајте ги активностите однапред и обидете се да се придржувате до планот. Ако одложувате состаноци бидејќи сте ги заборавиле, земате туѓо време, а и вашето го користите непродуктивно.
3. Бидете свесни за своите недостатоци
Ако нешто не оди како што треба и признаере дека не сте најдобри во тоа, побарајте помош и не оставајте нешто да не биде завршено на време и како што треба. Не заборавајте да вратите услуга на оној кој ви помогнал
4. Стрес
Најважно е да не размислувате негативно. Останете позитивни и не дозволувајте стресот да ве совлада.
5. Ладна глава
Колку се посложени работите толку повеќе трудете се да останете смирени. Не повишувајте тон или не ги обвинувајте колегите. Смирете се и останете надвор од канцеларија некое време.
6. Немојте да се исцрпувате
Најдобрите вработени се секогаш со добро здравје. Ништо не е толку важно за да го прескокнете оброкот. На тој начин губите енергија и ја намалувате продуктивноста.