Подгответе домашни Манчмелоу коцки

Слаткиот вкус на пената и чоколадото на Манчмелоу колачињата сега можете да го подготвите и во домашни услови. Со овој рецепт, за само неколку минути ќе го добиете омилениот вкус од детството.

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-01

Состојки:

Кора:

  • 1 ½ шолја брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажички какао
  • 1 ½ шолја млеко
  • 1 ½ шолја шеќер
  • 1 шолја масло
  • 6 јајца


Фил:

  • 6 белки
  • 12 лажици шеќер


Глазура:

  • 200 гр чоколадо за готвење


Подготовка:

Започнете со матење на 6те жолчки и шеќерот. Постепено додавајте го млекото, маслото, какаото и прашокот за печиво.  На крај додадете го брашното и матете ја смесата додека не се соедини.

Поставете ја на тава обложена со хартија за печење и печете на 180 степени околу 20 минути.

Во меѓувреме изматете ги белките и шеќерот и размачкајте ги врз кората. Вратете во рерната и печете најмногу 5 минути.

На крајот, кога матените белки ќе се зацврснат, прелијте со топено чоколадо за готвење и оставете го колачот да се олади.

Исечете мали коцкички и уживајте!

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-02

podgotvete-domasni-munchmallow-kocki-03

Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
10 вкусни традиционални појадоци од земјите ширум светот Популарниот турски појадок кој вклучува намирници како маслинки, јајца и зеленчу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg