Супер луѓе со супер моќи
Можеби никогаш не поверувавте во суперхероите претставени перфектно на тв - екраните. Но, овие луѓе се реални и поседуваат вистински моќи.
1. Момчето кое гледа без очи
Бен Андервуд научи како својот недостаток да го изолира, па така сега знае како да ги слуша и користи ехото и звуците со помош на кои навигира низ светот. Тој е слеп, неговите две очи биле отстранети поради болеста од рак кога тој имал само 3 години. Во основа, тој е како Дердевил - тој го гледа светот низ звуци.
2. Човекот кој не чувствува студ
Вим Хоф, исто така познат како Ледениот човек (Iceman), е човекот кој пливаше под речиси заледена вода, и стоеше на лед со часови.
Тој го искачи Мон Блан облечен во шорцеви и сега е подготвен за нови предизвици.
Научниците навистина не знаат да го објаснат овој феномен, но 48-годишниот холанѓанец не само што може да ги издржи, туку и планира и да напредувана температури кои би можеле да бидат фатални за просечна личност.
3. Момчето со ултра-брз мозок
Даниел Тамет е аутистичен научник. тој може да обави прекомплицирани математички калкулации со опасна брзина. Но, за разлика од другите научници, тој всушност може да опише како го прави тоа.
Во неговиот ум, секој број до 10000 си има своја уникатна форма и чуство, па така тој ги "гледа" резултатите од калкулациите како детална, специфична слика.
Тој ја опиша сликата од 289 како посебно грда, 333 како посебно атрактивна, а "пи" како "убавица". Тој исто така поседува јазични способности. Тој е способен да изучува нови јазици за многу кратко време.
4. Жената која не може да заборави
Жената која што има континуирана, неконтролирана и автоматска меморија на нејзината лична историја, но и на безброј јавни настани, е тема на истражување на многу научници.
Ако по случаен избор одберете дата од изминатите 25 години и ја прашате, таа ќе ви приготви елаборативна слика со премногу детали за тоа што и се случило неа тој ден како и детали ако на тој ден се случиле некое посебни настани. Таа исто така се сеќава кој ден од неделата било тој и како било времето.
Жената на која и дадоа кодирано име АЈ, со цел за да ја заштитат нејзината приватност, бидејќи според научниците, таа е премногу специфична и посебна.
5. Човекот кој поместува предмети со помош на умот
Мирослав Магола или "Човекот Магнет" го дефинира законот за гравитација со својата извонредна способност - користејќи ја моќта на психокинезата тој може да поместува предмети, почнувајќи од метални ситници па се до големи статуи, да ги транспортира низ воздухот и залепи на своето тело, а потоа и да ги примора да останат таму - користејќи ништо освем умствена контрола.
Мирослав објаснува:"Ова ми успева бидејќи се полнам со енергија, едноставно се врзувам со неа, а во исто време посакувам објектот а се мрдне и крене".
Мирослав бил многу испитуван за својата природна моќ, но таа за научниците сеуште се води како необјаснлива мистерија.
6. Жената чие смеење достигнува 110 децибели
Запознајте ја Јитарат Вонгсомбон, 55-годишна жена од Тајланд, која може да се смее со висина од 110 децибели! Звучи неверојатно, но е вистинито. На 5.07.2008, Јитарат учествуваше на Интернационалниот натпревар во смеење на Рипли и победи со континуирано смеење цели 12 минути и 26 секунди, достигнувајќи висина од цели 110 децибели.
7. Монаси кои генерираат магична топла енергија
Експертите ги истражуваат будистичките монаси повеќе од 20 години, обидувајќи се да ја откријат нивната тајна. Со техниката наречена Тум-мо, овие монаси може да го намалат својот метаболизам за 64%.
за споредба, нашиот метаболизам опаѓа само 10-15% кога спиеме. Монасите исто така можат да ја зголемат температурата на своите прсти на екстремитетите до 17%. Никој не знае како.
8. Човекот кој не чуствува болка
Тим Кридланд е изведувач и поранешен член на циркус. Тим е специјализиран во голтање на мечеви, одење по оган, спиење на кревет од клинци и слично. Тој вели дека може да го направи ова, бидејќи тој го управува умот, а не тој него. Истражувачите пак од друга страна, велат дека Тим е роден со мутација која прави тој да не ја чуствува болката што нормалните луѓе би ја чуствувале на негово место.
9. Човекот кој аплаудира со рацете гласно колку хеликоптер
Кинез кој аплаудира со рацете гласно речси колку буката што ја прави хеликоптер, се надева дека ќе влезе во книгата на рекорди. Занг Куан кој има 70 години, бил измерен дека "плеска" со дланките со јачина која е близу 107 децибели - 3 децибели помалку од бучавата на хеликоптерите.
Тој бил предупреден дека ако често аплаудира, дека може да биде уапсен за вознемирување и предизвикување на огромна бучава.
10. Човекот кој јаде сé
Ова буквално значи дека човекот може да изеде речиси сé, па дури и да свари метал, стакло и токсични и отровни материјали.
При своите перформанси Лотито конзумира околу килограм материјали дневно при што пие извонредно голема количина на вода.
Неговата дигестивна киселина е неверојтно моќна, дозволувајќи му на Лотито да свари одредена порција на неговите оброци исполнети со метали.
Тој веќе е влезен во Гинисовата книга на рекорди кога тој изел авион.
За ова му биле потребни околу 2 години (од 1978 до 1980-тата година) за да го докрајчи овој предизвикувачки оброк.