Необично пријателство
Приказната за двајцата пријатели орангутанот Suryia кучето Rosco го воодушеви целиот свет, а за ова необично пријателство реши да прговори и...
...Опра Вифнри во своето шоу, како и магазинот National Geographic.
Овој необичен пар “живее“ во Јужна Каролина во прифатилиште за загрозени животни и откако се запознале станале најдобри пријатели.
Заедно пливаат, си играат а орангутанот често знае да го изведе својот пријател “на прошетка“. Кога Роско пристигнал во прифатилиштето бил многу слаб и делувал изгубено. Кога Сурјиа го забележала веднаш почнала да си игра со него.
Вработените во прифатилиштето неколку дена го барале сопственикот на кучето, но бидејќи не успеале да го пронајдат Роско останал да живее во прифатилиштетп и од тогаш се нераздвојни пријатели со орангутанот.
“Тие секојдневно поминуваат неколку часа заедно играјќи си и пливајќи, а орангутанката сака да се шета со Роско во дворот на прифатилиштеот и несебично да ги дели своите кекси со него.“- велат во прифатилиштето. “Овој пар ужива во јавањето на слонот Баблс“.