Карактеристики на успешните

Во модерниот свет кој се менува многу брзо, од нас се очекува многу, но сепак сите не успеваме. Во едно набљудување на успешните луѓе, советничката...

 

... Хедер Досон идентификувала неколку карактеристики на оние кои се закитиле со успех.

  • Успешните луѓе го контролираат сопствениот живот и не допуштаат контролата над нивниот живот да ја превземе работата. Тие ја разбираат можноста за избор. Знаат што им е важно, што сакаат да постигнат и како сакаат да го проживеат животот. По правило се мошне позитивни личности.
karakteristiki-na-uspesnite1
  • Имаат време за размислување и знаат да се сконцентрираат на важното. Ним им е јасно дека размислувањето и донесувањето одлуки бара време.
  • Знаат да ги препознаат моментите во кои се најопуштени и имаат можност за вечера со инспиративен колега, за прошетка, но знаат и кога треба да ги изгасат мобилните и се она што им пречи.
  • Знаат да се борат со несигурно окружување, за нив тоа е сосема нормално. Секоја ситуација ја прилагодуваат на своето однесување и начинот на кој се однесуваат со луѓето околу себе.
  • Околу нив може да се случува вистински ураган и пекол, но тие знаат кон што целат и се способни мирно да се соочат со препреките кои наидуваат.
  • Знаат да препознаат кога трчаат во празно, и да застанат на време пред да изгубат време и пари. А, во тоа им помага фактот дека не се изолираат од луѓето кои се различни од нив.
  • Надвор од канцеларија имаат многу пријатели, се занимаваат со спортски и артистички активности. Не се изолирани, подготвени се да разговараат со секого и не го потценуваат туѓото мислење.

Па...спаѓате ли вие во групата на успешни луѓе?

Би можело да ве интересира:

3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност Тропате со лажицата по филџанот кога ставате шеќер во чајот и носите хулахопки с...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
8 психолошки трикови заради кои луѓето ќе веруваат дека читате мисли, низ илустрации Знаете ли дека очите издаваат дали некој се обидува да ве излаже или пак се прис...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg