Што открива начинот на кој се смеете за вас?

Секој има свој препознатлив начин на смеење, но колку гласно се смеете и колку силно, зависи од тоа како се чувствувате во моментот. Така на пример смеењето кое звучи како плач на бебе, открива дека сте нервозни, додека благо развлечени усни укажуваат на тоа дека сте тажни и дека се преправате, тврди британскиот стручњак за говор на тело и однесување Judi James.

shto-otkriva-nachinot-na-koj-se-smeete-za-vas-1

Искрената насмевка може да ја препознаете по стиснатите очни капаци и отворена уста. Неверојатно е колку насмевката зборува за нас и покажува работи кои сакаме да ги сокриеме.

Потиснат смев
Ова е тивко смеење и е карактеристичен за луѓе кои работат под строги услови, па научиле да се контролираат. Таквите луѓе најчесто имаат добра смисла за хумор, па предолгото воздржување од смеење кај нив може да предизвика психички проблеми.

Бучно смеење
Овој тип на смеење освен што е придружен од високи тонови, проследен е и со неконтролирани гримаси на лицето, што укажува на друштвени, реални и забавни луѓе.

shto-otkriva-nachinot-na-koj-se-smeete-za-vas-3

Наместена насмевка
Проследена е со полуотворена уста, но не и со звуци. Најчесто ваквата насмевка е знак на пристојност, но зад нејзе не се крие чувство на среќа. Тоа е насмевката од фотографиите.

Нервозно смеење
Овој тип на смеење потсетува на бебешки плач, а на лицето се мешаат изрази на среќа и тага. Најчесто се појавува во моменти кога се трудиме со смеење да покриеме некој непријатна ситуација. Вака се смеат нервозните луѓе.

shto-otkriva-nachinot-na-koj-se-smeete-za-vas-4

Пригушено смеење
Ова е смеење кое може да се спореди со лонец кој врие и кој само што не претекол, а настанува токму тогаш кога не треба да се смееме и кога се обидуваме да прикриеме дека нешто ни е смешно. Се поврзува со чувство на вина и непослушност, а го издаваат црвеното и подуено лице.

Одобрено смеење
Ова е насмевка со задоцнување. Ситуација во која луѓето се смеат само ако некој друг почне прв, што значи се смеат заради некого, а не затоа што е смешно.

Гласно смеење
Длабоко и гласно смеење со прикривање на устата е карактеристично за импулсивни луѓе. Нивната спонтаност ги тера нешто да направат, а подоцна се срамат од своето смеење, па се обидуваат да го скријат со раката преку уста.

shto-otkriva-nachinot-na-koj-se-smeete-za-vas-2

Кикотење
Најчесто е ова смеење во пар. Придружено е со навалување еден кон друг и е многу заразно. Најчесто е знак за непослушност или ситуација која не е дозволена.

Смеење кое бара внимание
Високи тонови, бучно смеење и широка насмевка открива дека тој човек е желен за внимание и восхит од околината. Ова смеење потполно е неприродно и кај повеќето е израз на загриженост и неодобрување.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg