Кои се нештата што ве прават среќни?
Едно интересно истражување ни открива кои се малите луксузи кои денешните луѓе сакаат да си ги дозволат и во што најмногу уживаат. Зборуваме за луѓе од средната класа кои не можат да си дозволат мегаломаснки задоволства, но сепак постојат работи кои ги прават задоволни.
Специфични и можеби малку загрижувачки се резултатите, според кои сè помалку луѓе уживаат да подаруваат. Посреќни се кога нешто ќе добијат или кога сами за себе ќе си купат нешто убаво.
Во истражувањето кое го спровела фирмата „Miller de Luxe Corner“ врз 2.000 испитаници. Сите тие требале да одговорат на прашањето кои се оние мали нешта кои ги прават среќни во животот кога станува збор за подароци.
Еве ја листата на најчестите одговори:
- Вкусен десерт
- Чоколадо или бонбониера
- Слободен ден во кој не се прави апсолутно ништо
- Убава вечера и шише вино
- Букет цвеќе
- Читање книги
- Купување квалитетна храна
- Масажа
- Купување модни магазини
- Пенлива купка
Кое е она мало задоволство кое вас ве радува? Надополнете ја листата во коментарите: