Фатени во лага во новата замка на Jimmy Kimmel
Дали и во ваша околина познавате луѓе кои толку многу ја сакаат уметноста што едноставно обожаваат да се натпреваруваат на таа тема со сите останати. Така тие секогаш први дознаваат за некој нов бенд или филм и ги знаат сите пикантерии околу нив. Или барем тие така сакаат да се претстават...
Jimmy Kimmel во своето познато шоу, овој пат се обидува да ги фати обичните луѓе во лага. Чудно е како оваа задача се покажала како многу лесна и како доаѓаме до заклучок дека луѓето често лажат. Исклучок не се ни посетителите на музичкиот фестивал „Coachella“.
Најлесен начин да се фатат во лага музичките гурмани е да ги запраша дали слушнале за некој бенд, кој воопшто и не постои. Тешко е да се поверува колкав број луѓе се спремни да лажат, само за да не покажат дека се неинформирани.
Смешно и срамно.