Што е Фенг Шуи и од каде потекнува?
Фенг Шуи полека но сигурно станува дел од секојдневието на секој од нас и се повеќе има луѓе кои ги применуваат неговите совети. Всушност станува збор за древна кинеска вештина која се однесува на уредување на животниот простор во склад со опкружувањето каде живеат.
Самиот израз е превземен од книгата “Zangshu” по чуениот Guo Pu од Династијата Jin.
Ако погледнеме наназад во историјата ќе забележиме дека овој израз најпрво се користел за ориентирање на бројни објекти и градби од големо духовно значење, како гробници и сл.
За време на културната револуција во Кина, Фенг Шуи како учење било потиснато, но тоа не ги спречи американците се повеќе да го прифаќаат овој тренд, на кои многумина гледале како на наука која ни помага подобро да се чувствуваме во просторот во кој живееме.
Археолошките ископини зборуваат за тоа дека во минатото, во ерата на предмодерна Кина, голема улога играле Фенг Шуи за гробници и Фенг Шуи за домови. Се покажало дека за двата правци било потребно да се одреди местоположбата и тоа со набљудување на ѕвездите и небото.
Фенг Шуи обично се поврзува со некоја техника. Една од најпопуларните е компас – методот. Тука пред се мисли на начинот на гледање на животниот простор. Битно е кога се преуредува некоја просторија да се стави акцент на целата слика, а не само на преместување на предметите, бидејќи тие се меѓусебно поврзани и влијаат еден на друг.
Внимавајте и на тоа како е распореден мебелот во домот. Никогаш не го поставувајте на мета ан т.н. „отровни стрели”. Отровни стрели се на пример оградата со шилести врвови или зашилен завршеток на кровот.
Внимавајте на тоа никогаш да не поставувате огледало во вашата спална соба или во собата на децата. Обојте ги ѕидовите на дневната соба во топли бои како жолта, црвена, портокалова , но никако не ги користете овие бои за ѕидовите на спалната.
Денес Фенг Шуи се практикува подеднакво и во источната и во западната цивилизација. Токму оваа негова модерна примена, е виновна за тоа многу работи се “изгубат во преводот”. Фенг Шуи стана нова енергија која толку доби на популарност што почна да се користи екстремно неправилно за маркетиншки цели, а токму неправилното користење може да има и негативни последици и да ја оштети нашата животна околина. На пример многу луѓе садат „Среќен бамбус” без да знаат како тој се комбинира со останатиот еко – свет.
Затоа, кога ќе сакате да примените Фенг Шуи во вашиот дом подобро повикајте си стручно лице, кое ќе ви помогне пред се да избегнете блокирање на негативната енергија во вашиот дом.