Орангутан снима албум
Мајмунот од зоолошката градина во Хајделберг го издава своето прво ЦД. Мажјакот стар 14 години по име Уџијан сам научил да свирка со устата пробувајќи ...
... на тој начин да ги повика чуварите кога храната доцнела.
Набргу потоа бил приметен од музичкиот продуцент Кристијан Вулф, кој бил на прошетка во зоолошката градина со својот син, и кој решил од ова животно да прави музичка ѕвезда која ќе привлече многу внимание.
Насловната песна "Ich bin Ujian" е поп рок песна со примеси на реге звук, во придружба на гостинскиот вокал.
Меѓу нумерите на албумот, во процес на обработка се и песните како што е "Sittin' on the dock of the bay", како и "Wind of change" на групата Скорпионс.
Албумот се очекува да излезе во продажба во месец јуни, а дали ќе ја доживее планираната светска слава, останува да видиме.