Ослабела 107 килограми!
Британката Ема Бартон (22) заради своите 170 килограми целиот живот била жртва на насилство и вреѓање на многумина кои не бирале зборови за да ја понижуваат. Таа раскажува дека најтешко и било додека одела на училиште затоа што сите биле немилосрдни. Тогаш била приморана да носи униформа која била правена специјално за неа.
Денес Ема, успешно ја има победено дебелината и тежи 107 килограми помалку.
„Од својата 10-та година бев постојано изложена на секојдневен срам и злоставување. Тоа траеше и кога бев во средно училиште. Сите ме зафркаваа и ме викаа The Burtonator затоа што сум била градена како Терминатор.“
„Кога денес ќе сретнам некоја од девојките кои го направија мојот живот пекол, тие само поминуваат покрај мене, не можат да ме препознаат. Но, најдоброто чувство е кога ќе им пријдам и ќе се поздравам. Шокот и неверување на нивните лица прави да се чувствувам задоволна“ – вели Ема чиј живот се променил кога станала мајка, затоа што тогаш и одлучила да ослаби заради децата.
Како што раскажува, на почетокот и било тешко затоа што немала мотивација, но пота со помош на супи и шејкови, килограмите полека почнале да се топат.