Сензуална еротска галерија
Gediminas Zilinskas е меѓународен фотограф и режисер чии дела се познати не само во неговата татковина, туку и насекаде низ светот. Неговата работа досега била изложена во галерии низ многу светски метрополи како Њујорк, Лос Анџелес, Милан, Монако, Париз, Цирих, Лондон, Москва, Осло и др.
Роден е во Литванија, а љубовта кон фотографијата ја добил на негови 13 години, кога за подарок го добил својот прв фотоапарат и сфатил дека светот добива друга димензија низ објективот.
Негова вечна инспирација е телото на жената, а неговите фотографии се полни со еротика, сензуалност и дивост, истовремено останувајќи чисти и уникатни.
Секоја моја фотографија се труди да ја прикаже жената во природна, но атрактивна форма. Тоа се фотографии кои не треба да ја заскокоткаат само машката имагинација, туку воедно и женската. Се трудам низ женското тело и неговата поставеност да раскажам една животна приказна. – вели фотографот.
Едиторијали и галерии со фотографии на овој уметник ги преплавуваат престижните светски списанија, а многу модни куќи го ангажираат за нивните најголеми настани. Досега, негова фотографија се појавила повеќе од 300 пати на насловните страни на магазините ширум светот.
Уште 10 на следната страна...