10 типа луѓе кои гледаат Големиот брат
Зошто ова реално шоу има толкава гледаност изгледа засекогаш ќе остане мистерија. Но, сигурни сме дека барем еднаш сте се запрашале кој всушност го гледа ова шоу?
Ова се 10те типа на луѓе кои сигурно го гледаат Големиот брат.
1. Сите освен тебе и твојот соговорник - Колку голема гледаност и да има, постојано се наоѓаме со луѓе кои тврдат дека не го гледаат. Дали тајно гледаат а не признаваат, дали самите се лажат дека не гледаат, никогаш нема да дознаете.
2. Первезњаци - Односно, оние кои го гледаат ова шоу само заради тоа што очекуваат да видат голотија или некоја еротска сцена.
3. Невработени - Оние кои ја изгубиле надежта дека некогаш ќе се вработат, па седат дома и гледаат луѓе кои се борат за голема сума пари правејќи го истото.
4. Депресивни - Оние кои се тазе излезени од врска често пати и подлегнуваат на депресијата и се тешат со вакви емисии кои само им го завлекуваат вниманието. Депресијата навистина ги менува интересите.
5. Приградски тинејџери – Пубертетлиите кои од дискотека до дома стигнуваат со автобус во ниедно време и седнуваат пред телевизор да видат нешто што утре на сите ќе го раскажат. Тие ги поседуваат особините на сите 4 типа погоре набројани.
6. Идни учесници – Идни старлети и лоши момци, нема потреба од повеќе објаснување.
7. Новинарките од трач рубриките – Новинарките кои започнале како студенти по книжевност, а случајно завршиле во жолтата штампа. Не им е срам да поставуваат незгодни прашања,а не им е ниту срам да се смеат јавно за незгодите кои се случуваат.
8. Најблиските на учесниците – Родителите кои се грижат нивните деца случајно да не изгубат. Ги учат како да се однесуваат, само за да понесат илјадници кога ќе излезат од таму.
9. Пензионери – Иако некогаш оделе во Париз со Титовата делегација да учат француски, староста си го прави своето. Сега седат и бидејќи не им преостанува ништо, гледаат и се чудат на младите генерации што сè прават за пари.
10. Колегата кој никако да се ожени – Се чувствува осамено, другарите го избегнуваат, а тој никако да се ожени. Затоа седи, гледа реални шоуа во кои се случува многу повеќе отколку во неговиот живот.