Кучето кое се вози во автобус низ Белград
Кучето бездомник кое веќе неколку месеци се вози во автобуси низ Белград, ги освои симпатиите на сите кои некогаш го виделе. Иако овој симпатичен „слеп патник“ изгледа забавно, во јавниот превоз пред сè се штити од ниските температури.
Група на ентузијасти и љубители на животните на Фејсбук поттикнаа иницијатива за вдомување на ова урбано кутре.
- Заедно сме во ова бидејќи приказната за напуштеното кутре навистина нè допре. Правиме колку што можеме, свесни сме за ситуацијата, но секогаш е подобро нешто да направиш отколку да не се обидеш. Организираме и делуваме по потреба, а љубовта и волјата ја имаме секогаш – изјавила една од организаторките на вдомувањето.