Идеални решенија за вашето поткровје
Често ниските поткровја се недостапни и тешки за уредување. Под наклонот на кровот се појавува таканаречен мртов простор, кој бара голема креативност во уредувањето.
За поедноставно да склопите една неверојатно пријатна и функционална целина, неопходно е да ги разгледате сите можности кои ги имате.
Ниските плакари и полички полни со книги, шољи, пијалаци или сувенири се одлична декорација за поткровјето, исто како и гардероберите со многу закачалки и без затворени врати.
Сликите се одлично решение за меѓупросторот на кој никако не можете да му смислите намена.
Користете смели и весели бои, шари и комбинации. Претворете го поткровјето во место полно со топли, удобни елементи без разлика дали се работи за дневна, спална, детска соба или едноставно уредена соба во која ќе може да се повлечете кога и да посакате малку одмор и релаксација.